Кончар Вармак ДООЕЛ · Скопје

Повеќе од 25 години искуство во заварувањето

Технологија. Искуство. Доверба.

Кончар Вармак ДООЕЛ е компанија специјализирана за опрема, технологија и решенија во областа на заварувањето. Основана во 2002 година, компанијата денес е препознатлива по квалитетната опрема, стручната техничка поддршка и сервисот.

Нашето искуство во заварувањето, сечењето и автоматизацијата се надоврзува на традицијата и техничкото знаење стекнато во рамките на Раде Кончар – Заварување, сечење и автоматизација.

Заварувач при MIG/MAG заварување во работилница
2002основана во Скопје
25+

години искуство во заварувањето, сечењето и автоматизацијата

2002

година на основање, на традицијата на Раде Кончар

ABICOR BINZEL

генерален застапник, партнерство од основањето на компанијата

4

технологии: MMA, MIG/MAG, TIG и плазма сечење

TIG горилник при заварување на алуминиум

ABICOR BINZEL

Брендот со кој започнавме и со кој растевме

Од самиот почеток на Кончар Вармак, ABICOR BINZEL е неразделен дел од нашиот развој.

Како генерален застапник на ABICOR BINZEL, германски производител и член на меѓународната ABICOR GROUP, повеќе од четвртина век ја градиме нашата понуда и препознатливост заедно со бренд кој во светот на заварувањето е препознатлив по својата технологија, квалитет и сигурност. ABICOR BINZEL има долгогодишна традиција во развојот и производството на технологија за заварување и денес работи преку глобална мрежа на свои компании и партнери.

За нас, ABICOR BINZEL не е само бренд во продажната програма. Тоа е партнерство кое трае од основањето на Кончар Вармак.

Довербата што клиентите ја имаат во BINZEL во голема мера се пренесува и на нас како негов долгогодишен застапник. Тоа најдобро го покажува и искуството од секојдневната работа: кога професионалниот корисник бара горилник за заварување, многу често не вели „ми треба горилник“, туку едноставно „Ми треба BINZEL“.

Токму оваа препознатливост на брендот, заедно со нашето долгогодишно присуство, техничко знаење и сервисна поддршка, претставува значаен дел од позицијата што Кончар Вармак ја има изградено на пазарот.

Но партнерството не завршува со испораката на производот. При посложени технички предизвици, имаме директен пристап до експертизата и техничката поддршка на ABICOR BINZEL, што ни овозможува заеднички да пристапиме кон решавањето на специфични проблеми и барања. Овој начин на соработка е особено значаен за клиентите за кои сигурноста на опремата и континуитетот на производството се од суштинско значење.

ABICOR BINZEL за нас значи повеќе од производ. Тоа е технологија, експертиза и партнерство.

Нашето искуство

Од сопствено производство до современи технологии

  1. 1

    Почетоци

    Во првите години од работењето, Кончар Вармак развиваше и произведуваше апарати за MMA, MIG и TIG заварување, базирани на класични трансформаторски решенија.

  2. 2

    Инверторска технологија

    Со развојот и широката примена на инверторската технологија, производството постепено се намалуваше, а компанијата се насочи кон современа опрема и технологии од реномирани светски производители.

  3. 3

    Денес

    Сопственото производство има ограничен обем и се реализира првенствено по нарачка. Сепак, стекнатото техничко знаење останува важен дел од нашата работа, особено во сервисот, дијагностиката и одржувањето на опремата за заварување.

Инверторски апарат за заварување на работна маса

Опрема и технологија

Избрани брендови за професионални корисници

Покрај програмата на ABICOR BINZEL, Кончар Вармак соработува и дистрибуира опрема и производи од повеќе реномирани производители, меѓу кои:

и други производители на професионална опрема и материјали за заварување. Нашата цел не е само да понудиме производ, туку да помогнеме во изборот на соодветна технологија и решение според конкретната потреба на клиентот.

Заварувач со држач на електрода

Сервис и техничка поддршка

Знаењето не завршува со продажбата

Нашата работа продолжува и по испораката на опремата. Обезбедуваме стручно советување, техничка поддршка, дијагностика, сервис и одржување на опрема за заварување.

Долгогодишното искуство со различни генерации на опрема, од класичните трансформаторски апарати до современите инверторски системи, ни овозможува да пристапиме кон проблемот практично и стручно.

Индустриска хала за обработка на метал

Достапни каде што ви требаат

Сопствена дистрибутивна мрежа

Со сопствена дистрибутивна мрежа во повеќе градови во Северна Македонија, Кончар Вармак обезбедува достапност на производите и поддршка за професионалните корисници.

Без разлика дали станува збор за избор на нова опрема, потрошен материјал, горилник, резервни делови или сервис, нашата цел е клиентот да добие соодветно решение и сигурна поддршка.

Нашата цел

Да обезбедиме квалитетна технологија, сигурна опрема и стручна поддршка, од изборот на производот до неговата долгорочна употреба и сервисирање.

Искуство што трае. Технологија што се развива. Партнерство на кое можете да се потпрете.

×

Контакт

Кончар Вармак — опрема за заварување

Адреса
ул. 47 бр. 7, Пролет
1000 Скопје, Македонија
Телефон